BIM (Дигитално информациско моделирање на зградите) стана клучно барање во градежниот сектор, за креирање и управување на сите релевантни информации поврзани со животниот циклус на градежниот  проект. При тоа, дигиталната технологија и технологијата на виртуелна реалност се користат за обезбедување на информации за секој аспект од проектот

За проектот

BIMcert е европски проект, финансиран од Програмата за истражување и иновации на Европската унија, Хоризонт 2020, која има за цел да обезбеди систем на обуки и квалификации за вештините потребни за примена на BIM во целиот дијапазон на услуги во градежништвото.

Проектот BIMcert ќе развие комбиниран, целосно опремен пакет на наставни програми и материјали за обука за дигитално информациско моделирање, што ќе им овозможи на географски дисперзираните тимови за градежни проекти да ја користат технологијата за да ја подобрат размената на информациите и соработката. Проектот особено ќе се фокусира на пристапите на BIM кон еколошките и енергетски пасивните проектни решенија на зградите, со цел подобрување на енергетската ефикасност.

ПРОЕКТОТ Е НАСОЧЕН КОН задоволување на потребите НА ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР

Главните партнери во проектот, поддржани од партнерите од Техничкиот совет и партнерите од Индустрискиот совет, работат заедно со цел да се обезбеди вградување на вештините на BIM во градежништвото, насочени кон целокупниот дијапазон на проекти, животниот циклус на материјалите, ефикасна потрошувачка на енергија и одржливоста.

пристапност

Содржината на програмата ќе биде развиена во ‘достапен и отворен’ формат, што ќе им овозможи на проектантите, менаџерите, градилишните работници и други професионални работници во секторот, пристап до обука и акредитација, наменет за унапредување на нивните вештини во BIM, и примена на тие вештини во рамките на своите работни подрачја, со цел зголемување на енергетската ефикасност на градбите. Со тоа, проектот ќе придонесе и за зголемена мобилност и конкурентност при вработување

This image has an empty alt attribute; its file name is BIMcert-compass.png

BIMcert Компас

За идентификација на заинтересираните страни и клучната движечка сила во примената на BIM, проектот BIMcert го користи иновативниот BIMcert стратешки компас. Информациите и сугестиите се бараат и собираат од целните групи вклучени во градежниот сектор, како и од техничките и академски партнери, со цел да се развијат иновативни модели и материјали за обука,  Оваа информиска стратешка насока има за цел да обезбеди успешна испорака на целите и резултатите на проектот до сите заинтересирани страни.  Главните партнери во конзорциумот претставуваат комбинација од индустриски и академски институции, со експертиза во пружање BIM решенија, вештини и обука во градежниот сектор

клучни факти:

Проектен координатор:
Белфаст Метрополитски Колеџ

Е- маил: energybimcert@gmail.com

EУ  финансирање:
1,247 mil. €

Временска рамка на проектот:
3/2018 – 10/2019

Партнери

Главните партнери претставуваат комбинација  од индустриски и академски институции со експертиза во пружање BIM решенија, вештини и обука за градежната индустрија. Проектниот тим и партнерите претставуваат здружување на професионални вештини за енергетска ефикасност во градежништвото и модерни софтверски алатка за следење на планирањето, проектот и изведбата (Дигитално информатичко моделирањена објектот), со што ќе се максимизираат ефектите од унапреденото знаење и компетентност.

Проектни партнери:

Belfast Metropolitan College
Technical University Dublin
Construction Industry Training Board
Instituto Superior Tecnico
Future Analytics Consulting
Institute for research in environment, civil engineering and energy
Energy Institute Hrvoje Požar

Факт е дека BIM менува се. Референацата  ќе се базира на изведбата.  Ако не можете да ја измерите, не можете ни да ја користите.  BIM обезбедува алатки за дигитална технологија со која се калибрира и следи изведбата преку животниот циклус на зградата.

Др Џејмс Харти, Факултет за дизајн и технологија во Копенхаген